Trail-Run Veles 18K @ 6:42 AVG
near Veles, Општина Велес (Македонија)
Viewed 2172 times, downloaded 5 times
Trail photos

Itinerary description
Тргнав со намера за по асфалт до Бабуна и максимум до Пешти со мал дел по земјен пат и назад, ама кога дојдов близу Пешти неможев да стигнам до таму ради стадо овци и кучиња па решив да се вратам назад.
100-200 метри враќајки се назад ми се вртеше во глава да свртам круг преку брдата и да се спојам со еден дел што порано го имам трчано и да стигнам дома. Според моја предпоставка очекував дека тоа ќе излезе околу 9-10км до дома преку брда или 7км по истото назад и се одлучив за 'авантура'.
Брдото беше доста стрмно и покриено со снег (а јас со патики за асфалт) и прилично брзо се заморив во квадрицепси, листови и тибиа. Дојде врвот на брдото за од кое се надевав дека ќе добијам подобар преглед во кој правец треба да продужам ама ништо, пред мене уште едно брдо на кое му пристапив по изохипса и од таму веќе добив претстава кај треба да одам.
На едно од соседните брда преку еден дол имаше едно стадо овци за кое се надевав дека нема да им се приближам.
На високото дуваше добар ветер и стана доста поладно, не носев ништо екстра од алишта нити од храна/вода.
Продужив да се спуштам и за кратко сватив дека веќе сум на делот што порано го имам проаѓано. Одтука веќе се ми беше познато сеуште беше се под снег, на влез во Превалец имаше и добар мраз.
Од Превалец преку Тунел се качив на Вршник по некоја помалку лизгава од снег патека.
Спуштањето до Којник беше исто прилично лизгаво и подмрзнато, свиткав лев скочен зглоб без последици и за кратко стигнав дома.
Возбудливо, напорно, истрошено... нешто што одамна не сум го искусил!
Ден-два после турава мало воспаление на квадрицепци и странични стомачни а поголемо на тибиа.

You can add a comment or review this trail
Comments